Хјустон славеше над Вашингтон со 107-88, резултат со кој „ракетите“ уште еднаш покажаа дека многу подобро се снаоѓаат откако Џејмс Харден си замина од клубот. Триумфот над Вашинтон е трет во низа за Хјустон, прва ваква серија од стартот на сезонава кој беше исполнет со неизвесност околу иднината на Харден, кој на крајот беше испратен во Бруклин.
Пресудно беше второто полувреме во кое домашните кошаркари беа подобри (51-36) и на крајот заслужено се радуваа на победата. Најдобар беше Џон Вол, кој блесна против својот поранешен клуб постигнувајќи 24 поени. На спротивната страна Расел Вестбрук реализираше 19 поени, 11 скокови и 7 асистенции.
Јута ја забележа и деветтата победа во низа, триумфирајќи на домашен терен над Њујорк со 108-94. „Џезерите“ по првото полувреме имаа негатива од 13 поени, но го добија вториот дел со „плус 27“, за конечна победа на крајот. О’Нил беше најефикасен, а одличен настап имаше и Гобер со дабл-дабл од 18 поени и 19 скокови.
Атланта ја доби пресметката со ЛА Клиперс, користејќи го отсуството на Џорџ и на Ленард за победа од 108-99 и крај на серијата од седум победи на тимот од Лос Анџелес. Тре Јанг беше главен играч на оваа средба постигнувајќи 38 поени за победничкиот тим.
Резултати НБА:
Атланта – ЛА Клиперс 108-99, Хјустон – Вашингтон 107-88, Јута – Њујорк 108-94.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА