Се ближи стартот на новата сезона во НБА-лигата, а американската телевизија CBS Sports традиционално ја објави својата ранг-листа од најдобро рангирани кошаркари во најсилната лига во светот. Очекувано, на врвот се најде Никола Јокиќ, а изненадување е што за првпат меѓу Топ 10 играчите на ова рангирање немаше место за Леброн Џејмс.
Јокиќ имаше сезона за паметење во која урна бројни рекорди и на крајот успеа и да се закити со титулата, цела година беше напаст за противничките екипи и сосема заслужено се најде на првото место во ова рангирање. Зад него е Јанис Адетокумбо, а треторангиран е Стеф Кари. Лука Дончиќ ќе ја почне сезоната како четврторангиран според CBS Sports, а веднаш зад словенечката суперѕвезда се наоѓа Кевин Дурант.
Место во Топ 10 во ова рангирање има уште и за Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Џими Батлер и Демијан Лилард. Леброн Џејмс се наоѓа на 12. позиција, а пред „кралот“ од ЛА Лејкерс се наоѓа и канадскиот плејмејкер од Оклахома Сити, Шеј Гилџус Александер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА