Најголемите атлетски ѕвезди ќе го тужат Британскиот олимписки комитет

Британскиот олимписки комитет е загрижен за „правните тактики“ кои ги користат атлетичарите кои започнаа војна околу правото на рекламирање спонзори за време на настапите на Олимписките игри. Мо Фарах, Катерина Џонсон-Томпсон и Адам Џемили се меѓу големите атлетски ѕвезди кои најавуваат тужба за Британскиот олимписки комитет незадоволни од ограничувањата кои им ги создава „спонзорската регулатива“.

Олимпијците се под обврска на правилото 40 од регулативата на ИОК кое ги штити генералните спонзори на Игрите и им забранува на спортистите да промовираат сопствени спонзори. Британските спортисти сметаат дека ова правило мнгу неправедно ги ограничува да профитираат во најголемиот момент од спортските кариери.

Од Британскиот олимписки комитет велат дека за потенцијалната тужба дознале од медиумите и оти не знаат со кога да преговараат, со спортистите, со агентите или со комерцијалните организации. Сепак се надеваат на позитивна разврска со кој би бил направен некаков баланс меѓу интересите на двете страни.

Се вчитува...