Најплатениот кошаркар во НБА, „сам како дух“ шутира „бунари“ (ВИДЕО)

Изминатата вечер НБА лигата го одбележа денот на Мартин Лутер Кинг со „дерби“ дуели меѓу кои еден од најинтересните се одигра во Њујорк каде Бруклин славеше над Милвоки со 125-123. Предводник на Бакс со 34 поени беше Јанис Адетокуmбо, но актуелниот МВП стана и вистински хит на социјалните мрежи во негативен контекст.

Најплатениот кошаркар на светот, чиј договор е вреден 228 милиони долари се посрамоти како никогаш досега откако играчите на Бруклун го оставија сам на шутот за три поени. Гркот, без чувар околку него се подигра на шут, но неговиот обид заврши во „бунар“!

 

Се вчитува...