Еден од најдобрите квотербекови во историјата на НФЛ. Тој и покрај раната елиминација на Њу Ингланд Петриотс и просечната одиграна сезона, има уште многу што да покаже и докаже и дека не планира да се пензионира.
„И во фудбалот и во животот разочарувањата се неминовни. Не можеш секогаш да победиш. Мораш да учишт од поразите и со голема работа и пожртвуваност да се вратиш на врвот. Тоа е местото на кое ќе ме најдете. Бидејќи се уште имам што да покажам“, е дел од пораката која што ја испрати Брејди.
Том Брејди е најуспешниот квотербек во историјата на лигата со шест освоени „Супер-боула“, што го прави еден од најтрофејните ентитети во лигата, бидејќи ист број на прстени како него има само Питсбург Стилерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
