Неисполнети соништа: Дизајни на стадиони кои никогаш не се изградија

Дизајни кои ќе беа нови домови на неколку клубови од Европа. Ваквите одлуки беа значајни за одредени клубови да се издигнат во фудбалскиот свет на највисоко ниво…

battersea-Power-Station
Челси требаше да гради стадион врз стара градба од фабрика, но не доби дозвола за местото. Арената со капацитет од 60.000 места ќе значеше нова ера на тимот од Лондон.
Stanley-Park-stadium
„Стенли Парк“ ќе се викаше новиот стадион на Ливерпул, доколку се реализираше овој проект со капацитет од 60.000 седишта.
Stadiums-that-never-were
План за потенцијалниот стадион на Лацио. „Стадионот на орлите“ ќе имаше капацитет од 40.000 места.
Stadiums-that-never-were (6)
АЕК ќе имаше вистински фудбалски храм со 40.000 места, да не случеше финансиската криза во клубот.
Stadiums-that-never-were (1)
Нацрт за новиот стадион на Динамо Загреб. Дизајнот изгледа како вулкан, додека семафорот кој го покажува резултатот е облакот кој виси над теренот.
Portsmouth-FC-proposal-of-new-stadium
Прекрасна местоположба ќе имаше новиот дом на Портсмунт, со капацитет од 36.000 места.
Kirkby-stadium-Everton-football-club
Евертон за малку ќе го напуштеше „Гудисон Парк“ и ќе се преселеше во оваа престолнина од 50.000 седишта.
Barcelona-bay-stadium
Новиот „Камп Ноу“ ќе беше најголемиот и најмодерниот стадион во светот, доколку се реализираше овој проект. Според планот, стадионот требаше да има 150.000 седишта.

Се вчитува...