Неверојатна донација: Многумина донираа за борба против коронавирусот, но НФЛ играч ги надмина сите

Многу спортисти од светот кои годишно заработуваат десетици милиони се вклучија во борбата против коронавирусот, но се чини дека Дру Брис ги надмина сите. Квотербекот на НФЛ екипата, Њу Орлеанс, заедно со сопругата Британи на американската сојузна држава Луизијана и подари дури пет милиони долари.

„По истражувањата и реализираните разговори со бројни организации, со нашите партнери дополнително ќе подготвиме испорака и на 10.000 оброци дневно ширум Луизијана за деца, возрасни и семејства, се додека тоа е неопходно“ – порача Брис.

Брис повеќе од десет години настапува за Њу Орлеанс, а најголемиот успех со овој тим го оствари во 2009 година кога го освои Супербол. Тогаш беше прогласен и за МВП на финалето.

Инаку, и првиот човек на Њу Орлеанс се вклучи во борбата против коронавирусот. Тој минатата седмица уплати и донацијата од милион долари на здружението „Гејл Бенсон комјунити“.

Се вчитува...