НФЛ го доби првиот Афроамериканец претседател на тим

Поранешната НФЛ ѕвезда Џејсон Рајт стана првиот претседател Афроамериканец во професионалната лига во американски фудбал. Тој го презема претседателското место во Вашингтон, тим кој поминува тежок период поради целиот скандал и повлекувањето на Редскинс од името. Рајт седум години играше за Атланта Фалконс, а настапуваше и за Кливленд Браунс и Аризона Кардиналс.

„Овој тим во ова време е идеален за мене. Трансформацијата на клубот се случува во сите аспекти на организацијата. Од фудбалски, преку функционирањето до културата. Сакаме да поставиме нови стандарди во НФЛ“, изјави Рајт. 

Рајт доаѓа само месец дена по тргањето на Редскинс од името на клубот, бидејќи многу Американци го сметаат за навредливо.

Се вчитува...