Герет Бејл асистираше до Рамзи при водечкиот гол за Велс на дуелот со Турција, а асот на Реал Мадрид потоа доби идеална можност од пенал да стави печат на победата на својата селекција.
Сепак, наместо рутински да ја смести топката во мрежата, Бејл се посрамоти шутирајќи високо над гредата, по што Велшанецот повторно послужи за потсмев на сите оние кои тврдат дека е подобро што поскоро да се пензионира.
Воедно, со оваа ситуација Бејл стана прв фудбалер по 21 година што целосно ги промашил рамките од голот при изведување на пенал на меч од европските шампионати (во предвид не се земаат пенал-рулетите). Последниот што имал вакво промашување е Раул Гонзалес Бланко, кој не реализираше пенал за Шпанија на дуелот со Франција на ЕВРО 2020.
2000 – Gareth Bale is the first player to miss the goal frame entirely with a penalty at the EUROs since Raúl for Spain against France at the 2000 tournament (excluding shootouts). Wayward.
Gareth Bale penalty miss. He has had such a good game until this. pic.twitter.com/RPX92RBfhZ
— Arsalan (@lapulgaprop) June 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА