Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, го напушта јапонскиот Торај и од следната сезона се сели во Полска. Најдобриот македонски одбојкар ќе го носи дресот на полскиот клуб ОНИКО Варшава.
Ѓоргиев имаше две успешни сезони во тимот на Торај со кој освои и шампионска титула во Јапонија. Преку својот Фејсбук профил, македонскиот одбојкар се прости од јапонскиот клуб и го најави следниот предизвик.
„Јапонија, многу ти благодарам. Прекрасни спомени. Засекогаш ќе останеш во моето срце. Полска, доаѓам!“, напиша Ѓоргиев.
Во својата интернационална кариера, Никола Ѓоргиев настапуваше за Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Мили Пијанго, Парис Волеј и последниве две сезони за јапонскиот Торај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА