Легендарниот квотербек на Њу Ингланд патриотс, Том Брејди, влезе во 40. година од животот, но и натаму игра на врвно ниво и го одведе својот тим до трофејот на Супербоул. „Патриотите“ во фантастичен финален меч се извлекоа од работ на бездната против Атланта фалконс и во продолжение славеа со 34-28, а Брејди стигна до својот петти трофеј.
Иако е во зрели години, клубот на Том Брејди му подготвува нов петгодишен договор, а неговата сопруга, супермоделот Жизел Бундшен, се обидува да го наговори да ја заврши активната кариера. Сепак, Том Брејди не мисли така…
„Да се прашуваше мојата сопруга, веќе ќе бев во пензија. Досега тоа ми го има напоменато најмалку трипати во сериозен разговор, но јас секогаш имам подготвен одговор: „Љубов моја, штета, премногу добро се забавувам за сега да се повлечам“. Планирам да играм уште долго, чувствувам дека и понатаму сум способен за да ја вршам работата на теренот на највисоко ниво“, изјави Том Брејди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА