„Ноќната мора“ на Том Брејди замина во пензија

Легендарниот квотербек на НФЛ тимот на Њујорк Џајантс, Илај Менинг најави дека заминува во пензија. Менинг се повлекува по 16 години поминати во франшизата од Њујорк со која два пати го освојуваше „Супербоулот“ и тоа ни повеќе ни помалку туку против легендарните Њу Ингланд Петриотс, предводени од Том Брејди.

Првиот трофеј тој го освои во 2008 година, кога успеа да им го нанесе на Петриотс единствениот пораз и да спречи идеална сезона на клубот од Бостон. Вториот супербоул тој го освои во 2012 и тоа против истиот противник. И во двете победи беше избран за МВП на натпреварот.

Менинг е единствен играч кој поминал 16 години во Џајантс, а е рекордер и по бројот на одиграни натпревари (248). По бројот на фрлени јарди и тачдауни е на седмото место во историјата на НФЛ, а е седми и по комплетирани пасови (4.895).

 

Се вчитува...