Нов малер за „кралевите“, Бензема го скрши прстот

Реал Мадрид ги освои бодовите против Бетис со триумф (1-2) во Севилја, но остана без Карим Бензема. Тој заработи скршеница на прстот на десната рака и ја зголеми „болницата“ во составот на Сантијаго Солари. Тој е седмиот фудбалер кој поради повреда ќе отсуствува.

Бензема падна на незгоден начин по дуелот со Марк Бартра во последните мигови од првото полувреме, а беше заменет на одморот. На негово место во игра влезе младиот Кристо Гонзалес.

Се вчитува...