Нова корона-криза на ЕП – Шкотска остана без најдобриот фудбалер во пресрет на дуелот со Хртватска

Били Гилмор, репрезентативецот на Шкотска, доби позитивен тест на коронавирус и ќе го пропушти натпреварот од последната рунда во групната фаза против Хрватска, а кој е закажан на распоредот во вторник, во 21 часот.

На дуелот против Англија, Били ја оправда довербата од селекторот Стив Кларк. 20-годишниот играч за врска на Челси, одигра одлично и беше најдобар на теренот. Тој беше именуван за играч на овој дуел.

Останува да се види дали други фудбалери на Шкотска ќе го пропушат дуелот со Хрватска. Ако некој бил во близок контакт со Гилмор, тој ќе мора да оди во самоизолација. Доколку сака да продолжи да учествува на турнирот, Шкотска мора да ја совлада Хрватска во Глазгов. Двете екипи имаат бод од два натпревари.

 

 

 

Се вчитува...