Сопругата Сабрина беше неутешна крај аут-линијата при страшните сцени на стадионот „Паркен“ откако Кристијан Ериксен дваесетина минути неподвижно лежеше на теренот, а лекарите се бореа за неговиот живот.
Сепак, нови добри вести пристигнуваат од Копенхаген откако агентот на Ериксен, Мартин Шотс, во изјава за данското радио „НПО Радио 1“ обелодени дека најдобриот дански фудбалер е свесен и во болницата веќе разговарал со својата сопруга, како и со татко му кој веднаш пристигнал во клиниката.
„Татко му на Ериксен и неговата сопруга се со него. Тој зборува со нив, слободно дише. Не сум се слушнал со него, но штотуку зборев со татко му, кој е во болницата крај Кристијан“, истакнал Шотс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА