О’Саливен: Како за светски шампион многу малку тренирам

Рони О’Саливен стигна до својата шеста титула на Светското првенство во снукер, откако во финалето беше подобар од Кајрен Вилсон. Тој по освојувањето на трофејот искрено изјави дека во периодот на карантин предизвикан од пандемијата од коронавирусот немал услови за тренинг.

„Не тренирав доволно за да можам да го оправдам приматот светски шампион. Верувале или не, но јас немам каде да тренирам. Пријател во текот на пандемијата ми помогна со тоа што ми инсталираше снукер маса на која можев да вежбам. Така да јас само во време на карантин со снукерот се опуштав, далеку од тоа дека тоа беа некои тренинзи“, изјави О’Саливен. 

Со освојувањето на шестата титула во „Крусибл“ Рони се доближи на само еден трофејот од рекордот на Стивен Хендри кој во кариерата до приматот светски шампион стигаше седум пати.

Се вчитува...