О’Саливен: Ќе треба да останам без рака за да ме исфрлат од Топ 50

Рони О’Саливен отворено ги нападна младите снукер-играчи порачувајќи дека нивниот недостиг на квалитет е главна причина што подолго време владее „монотонија“ во овој спорт.

„Ги гледам младите играчи што доаѓаат на турнирите и да бидам искрен … воопшто не се добри. Поголемиот дел од нив би биле просечни аматери, па дури не се добри ни за аматери – толку се лоши оние кои ги гледам во последно време. Не знам што треба да се случи, најверојатно да останам без рака или без нога, за да ме исфрлат од Топ 50. Затоа ние повозрасните сме уште тука, затоа што младите што доаѓаат во нашиот спорт се со очаен квалитет“, истакна 44-годишниот О’Саливен.

О’Саливен го совлада Динг Џунхуи со 13-10 и се пласираше во четвртфиналето од светското првенство, каде го очекува пресметка со уште еден ветеран, Марк Вилијамс.

Се вчитува...