О’Саливен со нов посткарантински имиџ – Некои ми викаат дека личам на „Ел Чапо“, некои на Фреди Меркјури

Најдобриот снукер играч во историјата на овој спорт, Рони О’Саливен со нов имиџ на првиот турнир по враќањето од паузата поради пандемијата од коронавирусот. „Ракетата“ без поголеми проблеми го освои првото место во групата 10 во Лигата на шампионите во снукер. Сепак, тој вминанието на јавноста не го привлече со добрите партии, колку со промената на имиџот за време на изолацијата.

„Си поставив сам на себе предизвик. Неколку луѓе ми рекоа дека изгледам како мексиканскиот нарко крал „Ел Чапо“, Некои велат дека сум како Фреди Меркјури“, изјави О’Саливен. 

Вината за новиот имиџ на Рони е и кај неговата партнерка, која го натерала да ја избричи брадата и да ги остави само мустаќите.

Се вчитува...