Објавена првата „Мапа на трговци“ на македонскиот пазар

Излезе од печат специјалното издание „Мапа на трговци“ подготвено од магазинот InStore, издавач „Кликер маркетинг“.  Тоа е прва едиција посветена на малопродажбата во земјава, што воопшто е издадена кај нас, а е особено значајна за малопродажниот сектор во Македонија.

„Мапа на трговци“ е пионерски чекор на македонскиот пазар. Ја прикажува комплетната слика на малопродажбата во земјава, преку поединечно претставување на трговците низ повеќе параметри, со информации за нив и дополнителни анализи за нивното работење. Изданието можете да го видите тука.

Во „Мапа на трговци“ се објавени релевантни анализи на пазарот – малопродажни објекти по формати, број на објекти на трговците, регионална покриеност, приходи, број на SKU-а, информации за приватни трговски марки. Извори на информациите се трговците, приватната база на податоци „Бизнис мрежа“ и истражувачките агенции: „Нилсен“, „Индаго“, „Фокус марктфоршунг“, „Инсајдер ИД“, „Еуромонитор“, „Делоит“, „Ипсос“, „Биснод“, „Оливер Вајман“ и „Либенсмител цајтунг“. Истражувањата покажуваат дека македонските потрошувачи трошат и до 250 евра месечно за производи од FMCG-секторот, а 30 отсто од производите се продаваат во КА. Ова значи дека малопродажбата во Македонија има простор за модернизирање и премиумизација, задоволувајќи ги трендовите и потребите на новите генерации.

Успешни изданија на „Мапа на трговци“ имаа и регионалните редакции на InStore во Србија и во Хрватска.

Специјалното издание е дистрибуирано до целокупниот малопродажен сектор во земјата, во тираж од 4.000 примероци.

Комерцијален текст

Се вчитува...