Одличен фудбалер, лош претседател – Расипани јајца и скапани домати за Жорж Веа (ВИДЕО)

Жорж Веа, „Кралот Лав“ од Милан во 1990-те сега е центар на внимание, но поради тоа што предизвика масовни протести во неговата родна Либерија чиј што претседател е од 2018 година. Кога стана претседател тој вети жестока борба против сиромаштијата и корупцијата како и слобода на говорот.

Сепак, речиси две години подоцна, тој се соочува со огромно незадоволство од жителите на државата. Голем дел од нив се собраа пред претседателската палата во главниот град Монорвиа и фрлаа кон објектот со расипани јајца и скапани доматни. Незадоволството се должи на влошената економска состојба, огромната инфлација, корупцијата и сиромаштијата. Опозицијата која ги предводи протестите го обвинува и за исчезнатите 25 милиони долари кои биле повлечени од федералните резерви на државата.

Се вчитува...