Најголемата велосипедска трка во светот „Тур де Франс“ е најновото натпреварување кое подлегна на пандемијата од коронавирусот и мора да биде одложено.
Француската влада ги одложи сите спортски настани до средината на јули, а меѓу нив секако е и трката околу Франција која требаше да се одржи во периодот од 27. јуни до 19. јули. Како нов датум се споменува дека може да биде средината на август или почетокот на септември месец.
Франција е една од најпогодените земји од Ковид-19. Досега има 136.770 заразени, а скоро 15.000 луѓе ја загубија битката со вирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА