Официјално: Тен Хаг во Ајакс до 2022

Холандскиот шампион Ајакс го продолжи договорот на тренерот Ерик тен Хаг до 2022 година. Холанѓанецот годинава го водеше тимот од Амстердам до двојната титула во домашното првенство, но и до полуфиналето во Лигата на шампионите, натпреварување во кое Ајакс беше вистински хит.

Тие беа несреќно елиминирани во полуфиналето од Тотенхем со голот на Лукаш Моура во судиското надополнување, а на патот до четирите најдобри во Европа, младиот тим од престолнината на Холандија ги елиминираше актуелниот европски шампион и освојувач на континенталното натпреварување во последните три години, Реал Мадрид, како и најтрофејниот италијански тим Јувентус.

Се шпекулираше дека Тен Хаг може да седне на клупата на Баерн Минхен, но сепак од раководството на Ајакс навремено реагираа и го продолжија договорот со него до 2022 година.

Се вчитува...