Панатинаикос го врати брејкот против Ефес

Кошаркарите на Панатинаикос успеаја да го вратат брејкот и да поведат со 2-1 во четвртфиналната серија против Анадолу Ефес во плеј-офот од Евролигата, откако вечерва славеа на гостувањето во Истанбул со 77-81.

Двата тима одиграа уште  еден израмнет и неизвесен меч во кој на крајот малку посреќни беа гостите за конечен триумф од 77-81.

Keндрик Нан со 25 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Шејн Ларкин заврши со 17 поени.

Четвртиот натпревар на програмата е во петок.

Се вчитува...