Пандев Куп 2018: Струмичката пресметка за „академците“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Меѓународниот младински турнир „Пандев Куп 2018“ продолжува со несмален интензитет. Денешните натпревари по генерации донесоа нови возбудливи натпревари.

Кај најмладите, во генерација фудбалери родени 2005 година, Вардар ја совлада Јагодина со 2-1, а Академија Пандев со 2-0 беше подобра од Форца.

Ботев Пловдив доминира во генерација 2004, и со 5-0 го совлада тимот на Њу Старс. Сесвете исто така беше убедлив против Победа и славеше со 4-1.

Во генерација 2003, Академија Пандев убедливо ја доби струмичката пресметка против Беласица со 6-1. Вардар беше подобар од Национал и победи со 3-0.

Романскиот тим Бенатул Темишвар го совлада Вардар со 2-0, а Бубамара ремизираше против Победа (2-2) кај генерацијата фудбалери родени 2002  година.

Интересни натпревари се очекуваат до крајот на турнирот, кој ќе финишира со финални натпревари во сите конкуренции в сабота.

 

Се вчитува...