Пелистерка ќе освежува кајакари од цел свет

Почнувајќи од утре, четврток 11 мај, во Скопје ќе се одржи Европското Кајакарско Првенство дисциплина спуст на диви води, за сениори. По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференција на која беа соопштени сите детали околу случувањето.

Имено, во следните неколку дена, во главниот град ќе бидат присутни 176 натпреварувачи од 18 држави. Ќе се натпреваруваат на две патеки. Првата е онаа од мостот ООН во Влае до Градска плажа, и втората е традиционалната кајакарска патека на Матка. Македонската компанија Пелистерка, вторпат е силна поддршка на македонските кајакари. Спортот е област во која оваа компанија безрезервно вложува. Водата исцрпена од изворот Меџитлија, или обичната вода на Пелистерка и соковите Sweet кои се пак идеална комбинација од минерална негазирана вода и грижливо одбрани концентрирани овошни сокови,комбинација која помага во исхраната на клеточното ткиво, овојпат се производите со кои што Пелистерка ќе ги освежува кајакарите.

Првенството кое што во следните неколку дена ќе се случува кај нас е важен настан за сите нас затоа што освен спортските квалитети, Македонија а особено Скопје, ќе имаат можност да се пофалат и со своите туристички можности и капацитети.Комерцијален текст

Се вчитува...