Во сабота (утре 24.06), Отешево повторно ќе биде домаќин на најатрактивниот олимписки спорт во светот ТРИАТЛОН. Федерацијата на Македонија и општина Ресен по вторпат го организираат овој спринт во 11 категории. Компанијата „Пелистерка“ која што го подржува спортот во секаков облик, се појавува како пријател и партнер и на ова натпреварување.
„Секогаш сме биле на страната на спортот. Свесни за тоа како спортот влијае и на младите, но и на постарите, се трудиме со нашите ангажмани и поддршка, да ги потикнеме сите генерации на спортски активности. Хидратацијата е една од најважните работи при спортувањето. А нашата негазирана Пелистерка е сигурен партнер веќе години наназад во скоро сите спортски дисциплини. Така ќе биде и утре во Отешево“, изјави Тања Панделеска, маркетинг директор на Пелистерка.
Освен ПЕЛИСТЕРКА, организаторите на овој триатлон имаат голема поддршка и помош и од Градоначалникот Ѓоко Стрезовски од Општина Ресен, Македонски Олимписки Комитет,Агенција за млади и спорт и локалните спортски здруженија.
„Отешево е прекрасен предел за организација на триатлон натпревари и сите услови се исполнети. Посакуваме публика и медиуми како јавноста би видела дека триатлонот како Олимписки спорт е вистински предизвик за најсилните“ – велат од организацијата.
Спринт дистанцата се состои од 750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 килиметри трчање. Мерењето на време ќе биде електронско и се очекуваат повеќе од 60натпреварувачи од Македонија, САД и Србија.
Стартот на натпреварот е закажан за 10.00 часот во Отешево во одморалиштето Лејк Вју.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА