Хрватска и Чешка со реми од 1-1 го завршија вториот натпревар на Европското првенство. Чесите го добија првото полувреме во кое преку пенал стигнаа до водство, а херојот на Хрватите е Иван Перишиќ кој со одличен гол донесе изедначување за својата репрезентација и ја остави во игра за следната фаза од натпреварувањето.
Чешка поведе во голот од белата точка во 37. минута од мечот, а овој резултат го задржаа и до полувремето. Сепак Хрватска заигра далеку подобро во второто полувреме, а изедначувањето дојде по само две минути игра кога Перишиќ го изедначи резултатот на 1-1. Хрватите имаа повеќе шанси и до крајот на натпреварот, но не успеаја повторно да го совладаат чешкиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА