Пет трансфери кои ја променија историјата на НБА лигата

Трејдот на Џејмс Харден во редовите на Бруклин каде заедно со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг ќе се обиде да ја „потврди“ новата династија на Истокот, отвори многу интересни прашања. Едно од нив е кои трансфери ја промениле историјата на лигата?

Во продолжение ги издвојуваме петте трејда кои ја отсликаа НБА лигата каква што е денеска.

1. Бостон Селтикс го добија потписот на Бил Расел

На НБА драфтот во 1956 година, како втор пик Сент Луис Хокс го селектираа Бил Расел, 211cm високиот центар од Универзитетот на Сан Франциско. „Тоа е најдобриот дефанзивен играч кој го имам видено“ – изјави Џон Вуден, легендарниот тренер на Универзитетот на Калифорнија за Расел. Хокс не можеа да си го дозволат договорот за центарот па Расел замина во Бостон за Ед Маколи, Клиф Хаган и одредена сума на пари, а останатото е историја. Бил Расел денеска е на првото место на вечната листа по бројот на прстени, вкупно 11.

2. Карим Абдул-Џабар бара трансфер во Њујорк или Лос Анџелес

По шест години поминати во Милвоки, во 1975 година Абдул-Џабар бара трансфер во родното место, Њујорк, или во сончевата Калифорнија каде настапуваше во колеџ деновите. Епилогот? Трансфер во Лејкерс за Елмор Смит, Брајан Винтерс, Дејв Мејерс и Џуниор Бриџмен, и пет титули со тимот од Лос Анџелес во осумдесетите години.

3. Кога ќе ти се насмее среќата…

Гејл Гудрич, кој беше дел од легендарниот тим на Лејкерс кој во 1972 година го постави рекордот на последователни победи на 33, кој ни ден денеска не е срушен, во 1976 година попишува со Џез како слободен агент. Јута е проморена да го компензира претходниот клуб на Гудрич, во овој случај Лејкерс по што тимот од Лос Анџелес добива еден од првите двата пика на драфтот во 1979 година. Првите два пика се одлучени со фрлање на паричка помеѓу Лејкерс и Булс, а во целата ситуација нов играч на Лејкерс е Ервин „Меџик“ Џонсон. Легендата на Лејкерс со клубот освојува пет титули.

4. На НБА драфтот во 1987 година како петти пик, Соникс го избират Скоти Пипен

Кога ќе се споменат Булс првата асоцијација е Мајкл Џордан, а втората Скоти Пипин. Легендарниот крилен играч своето место во Чикаго го доби преку трејд помеѓу Суперсоникс и Булс, а истиот е „мастерпис“ на Џери Краус. Петиот пик на драфтот, кој припаѓаше на Никс, го искористија Соникс на кои им е потребен центар, а Краус го заменува Пипен за Олден Полинс. Останатото е историја…

5. „Бираат 17-годишен играч – неговото име е Коби“ 

Пред драфтот во 1996 година, Лејкерс постигнуваат договор со Хорнетс за трејнд на Владе Дивац со цел да се растеретат финансиите на клубот. Србинот заминува, а за возврат, Шарлот го дава 13.пик на драфтот на Лејкерс. Зборовите на Џери Вест: „Ве молам изберете го 17-годишникот од средно школо, неговото име е Коби Брајант“ ќе останат запишани со златни букви во историјата на тимот од Лос Анџелес.

 

Се вчитува...