Мишел Платини од доцна синоќа повторно е на слобода откако поранешниот претседател на УЕФА беше пуштен од страна на француските власти по испрашувањето што траеше повеќе од 12 часа.
„Сега се е зад мене“ – кратко изјави Платини за медиумите по излегувањето од притвор, а неговиот адвокат Вилијам Бурдон обелодени повеќе детали.
„Не се работи за апсење, како што беше пишувано цел ден од медиумите. Мишел Платини беше задржан и испрашуван како сведок во случајот, не како осомничен“ – истакна Бурдон.
Во текот на вчерашниот ден беше обелоденето дека Платини е испрашуван за ручекот со поранешниот француски претседател Николас Саркози, на кој бил присутен и катарскиот емир. Токму на тој состанок е сменет ставот на Платини, кој наместо на САД, потоа во гласањето поддршката за СП 2022 ја даде на Катар, а неколку месеци подоцна и катарски газди го купија францускиот прволигаш ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА