Мишел Платини денеска беше уапсен под сомнеж за корупција, откако поранешниот претседател на УЕФА беше обвинет за влијаење врз конечниот исход во гласањето за домаќин на СП 2022. На крајот организацијата на овој Мудндијал ја доби Катар, а Платини е обвинет за земање мито при давањето на својот глас на оваа азиска држава.
Тој во 2014 година призна дека тајно се состанал во Швајцарија со Мохамед бин Хамам, поранешниот прв човек на Азиската Фудбалска Федерација. Бин Хамам во 2011 година е доживотно исфрлен од фудбалот поради обид за купување на гласови во пресрет на гласањето за СП 2022. Подоцна беше обелоденето дека Платини и Бин Хамам се имаат сретнато околу 50 пати, а собрани се докази кои недвосмислено покажуваат дека Французинот примил мито за да го даде својот глас на Катар.
Од 24 членови на Извршниот Одбор на ФИФА кои ја донесоа одлуката Катар да биде домаќин на СП 2022, дури 16 од нив се суспендирани, тргнати од функцијата или се уште се под истрага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА