Почеток на „Турнирот на медиуми“ во мал фудбал

Денес започнува 27-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал на медиуми 2019“ во организација на Спортското радио 90,3 ФМ, што ќе се одржи во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во ООУ „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода.

Оваа година осум медиуми поделени во две групи ќе одиграат најмалку по три натпревари, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во ½ финалето. Сепак она што секогаш го одбележува овој турнир е тоа што резултатот не е во преден план, туку дружењето на вработените во медиумите на спортскиот терен. Како организатор, Спортското радио 90,3 ФМ се погрижи да има и многу ревијални натпревари со кој само се збогатува понудата и оваа година.

ЧЕТВРТОК (12.12.2019)

ТЕРМИН НАТПРЕВАР
19.00 Ревијална Општина Гази Баба – Ѓорче Петров
19.40 СПОРТСКО РАДИО 90,3 –  АЛФА
20.20 МРТВ – АЛСАТ М
21.00 Ревијална – АСТРА КАЗИНО – ЕВН       1
21.40 МТВ 2 – ТВ 24
22,20 СИТЕЛ – КАНАЛ 5

Се вчитува...