Почина спортскиот новинар Милутин Станковиќ

По кусо боледување, денеска во Скопје, во 60-тата година од животот почина спортскиот новинар Милутин Станковиќ.

Еден од најпознатите кошаркарски новинари, Станковиќ работеше во дневниот весник „Нова Македонија“ до 2000 година, кога премина во дневниот весник „Вест“, каде што долги години беше уредник на спортската редакција.

Погребот е утре на градските гробишта во Бутел.

Се вчитува...