Покажа зошто е најдобар на сите времиња: Нова магија на Лионел Меси (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами синоќа ремизираа против Торонто (1-1) во натпреварот од МЛС лигата, а Лионел Меси повторно беше во центарот на вниманието со одличниот гол кој му донесе бод на неговиот тим.

Домашниот тим играше во најсилниот состав предводен од Меси, а на другата страна беа Лоренцо Инсиње и Федерико Бернардески кои се најзаслужни што нивниот тим остана непоразен.

Интер успеа да поведе со 1-0 во 39. минута кога Меси ја затресе мрежата на гостите, но на крајот по реакцијата на ВАР овој гол беше поништен поради прекршок.

Целата драма ја видовме во судиското дополнение на првиот дел. Торонто успеа да ги шокира домашните и да поведе во втората минута од судиското продолжение. Двајца искусни Италијанци беа во центарот на вниманието. Инсиње забележа асистенција, а голот за 0-1 го постигна Бернардески.

Сепак, славјето на играчите на Торонто не траеше долго бидејќи Интер само три минути подоцна израмни на 1:-1 со мајсторски потег на Меси.

Интер по шест одиграни натпревари е на второто место во Источната конференција со 14 бодови и се уште е непоразен, додека Торонто е само на 14. место со само три бода и без победи во новата сезона во МЛС.

Се вчитува...