Пол Погба може да се соочи со суспензија до крајот на Европското првенство откако репрезентативецот на Франција бил затекнат на трибините по натпреварот против Германија со што ги прекршил правилата за заштита од коронавирусот.
Имено, Французинот по завршување на мечот се упатил кон трибините со цел да подари дрес на некој од публиката, a притоа на видеото се гледа и гушкање со фанови, со што имал контакт со некој надвор од „балонот“ на француската репрезентација, нешто што е спротивно од строгите правила на УЕФА.
Како потсетување, секој играч кој во пресрет на натпреварите ќе добие позитивен Ковид тест нема да може да се врати во својот тим до крајот на првенството, без разлика дали ќе добие негативен тест.
🤔 ما رأيك في تصرف بوغبا؟ هل سيتعرض النجم الفرنسي للعقاب؟#فرنسا_المانيا | #يورو2020 pic.twitter.com/CbPVZlvG1V
— beIN SPORTS (@beINSPORTS) June 15, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА