Поранешен светски рекордер во ски-скокови боледува од рак

Поранешниот светски рекордер во ски-скокови Бјерн Ернар Ромерен откри дека боледува од рак. Норвежанецот соопшти дека во моментов се наоѓа во болница во Осло, каде веќе почнал со терапијата.

„Откако ми беше пронајдена болеста веднаш почнав со терапија. Тоа е многу тешка ситуација за мене и моето семејство. Знам дека ќе преживеам! Пред мене е тежок пат, но имам желба да се борам. Кој го е*е ракот“, стои во неговото соопштение.

Ромерен во кариерата оствари осум победи во Светскиот куп, а освои и бронзен медал на ЗОИ во Торино 2006 во екипна конкуренција. Беше член на норвешката репрезентација во периодот од 2004 до 2006 година, а на Планица 2005 година постави светски рекорд со должина од 239 метри.

Се вчитува...