Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Џон Тошак води тешка битка со Ковид-19 и веќе шест дена е хоспитализиран во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Велшанецот е ставен на механичка вентилација и има масивна пневмонија, поради која е хоспитализиран од понеделникот.
Поранешниот тренер на еал Мадрид, Спортинг Лисабон, Реал Сосиедад, Ла Коруња, Бешикташ, Сент Етјен, Катанија и Мурсија беше селектор на Македонија во периодот од 2011 до 2012 година, во кој „црвено-жолтите“ остварија само една победа во осум натпревари.
🙏🏽 John Toshak se encuentra en la UCI del Clínic de Barcelona por COVID, según informan los compañeros del @diariovasco.
😥 Fue ingresado el pasado lunes con una neumonía grave y necesita respiración asistida.
💪🏽¡Fuerza, John! pic.twitter.com/EGqhcqB1s9
— Tiempo de Juego (@tjcope) February 26, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА