Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Франс фудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија), ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020
Португалија е дел од „групата на смртта“ на овој европски шампионат, но барем на првиот меч со Унгарија оваа селекција не би требала да има проблеми да стигне до трите бода.
За ЕКИПА пишува: Vitor Hugo Alvarenga for Maisfutebol
Твитер профил: @vitorhalvarenga
Слушајќи го тоа што го говорат Фернадо Сантос и неговите играчи јасно е дека веруваат дека можат да го повторат успехот од пред пет години. Во 2016 година Португалија отиде до самиот крај и го освои Европското првенство.
„Нема да го зборувам истото од пред Евопското првенство во 2016 година, нема да копирам ништо, бидејќи копија не е иста како оригиналот“, вели Сантос. „Но, она што можам да кажам е дека помина долго време откако Португалија целеше само да се натпреварува на едно првенство, Португалија сега оди на освојување“.
Кристијано Роналдо се уште е капитенот и ударната сила на овој тим. Тој одигра четири Европски првенства и четири Светски првенства, но продолжува да настапува со страст за успех. Роналдо го поддржа Сантос кога рече: „Не сме фаворити дека го освоивме првенството во 2016 година, други селекции се фаворити, но ние одиме на Европско со цел повторно да го освоиме“.
Тимот имаше мал пад во играта на почетокот на квалификациите за Европското првенство 2020 со нерешени натпревари против Србија и Украина, се појавија сомнежи околу нивното залагање, но следеше рехабилитација и осигурување на второто место. Импресивната победа од 4-2 во Белград против Србија беше клучот. Поимпресивно беше освојувањето на Лигата на Нации, завршувајќи пред Полска и Италија во групите, а потоа добивајќи ја и Швајцарија во полуфиналето и Холандија во финалето.
Роналдо беше најдобриот стрелец на квалификациите и клучот на тактиката на Сантос се осврнува околку него. Сантос преферира 4-4-2 формација која може да се постави како 4-2-3-1 во одбраната. Тој сака да игра со двајца дефанзивни средни играчи за да даде место за Бернардо Силва и Бруно Фернандеш на крилата. Кој и да е партнер на Роландо во нападот – Диого Жота, Андре Силва или Жоао Феликс, мора да помогне во одбраната на левата страна од теренот со цел да го ослободи средниот ред во централниот дел.
Костурот на тимот кој го освои првенството во 2016 година со Руи Патрицио (33 години), Пепе (37) и Роналдо (36) се уште е присутен, но импресира и бројот на млади талентирани играчи. Генерацијата на Рубен Дијаш (24), Бернардо Силва (26), Бруно Фернандеш (26), Диого Жота (24), Андре Силва (25) и Жао Феликс (21) ќе преземе значаен дел од одговорноста ова лето.
Рубен Дијаш и Пепе би требало да започнат на стоперсктие позиции со Жозе Фонте како опција, додека Нелсон Семедо и Рафаел Гуереро (доколку е подготвен) се очекуваат на крилните дефанзивни позиции. Внимавајте и на 18-годишниот Нуно Мендез кој е опција во овој дел од теренот. Впрочем квалитетот е присутен во целиот тим, а и покрај тоа што не значи дека успехот е загарантиран, значи дека Португалија има шанса.
СЕЛЕКТОРОТ
Фернандо Сантош засекогаш ќе биде запомнет како тренерот кој ја предводеше Португалија до успех на Европското првенство (подоцна и до помалку значајната Лига Нации), но тој е познат и како „инжинерот на Пента“, прекар добиен од времето кога го предводеше Порто до петтата последователна титула во 1999 година.
Овој прекар кој е инспираран од фактот дека има завршено Електронско инжинерство и Телекомуникации во 1977 година и работеше како директор на одржубање во Хотелот Палата Есторил помеѓу 1981 и 1998, прво како играч, а потоа и како тренер. Посветен католик кој се моли и чита поглавија од Библијата секое утро. Тој зборува течно и грчки откако предводеше неколку грчки екипи, како и националниот тим на нашиот јужен сосед.
ИКОНАТА
Кристијано Роналдо е блиску до 300 милиони следбеници на Инстаграм и според некои истражувања тој заработува 758 илјади евра од секоја објава на социјална платформа со што е зад Двејн Џонсон и Кајли Џенер. Тој ги рекламира најпознатите португалски брендови и е обожуван од голем број луѓе во родната земја.
Но, мал број на луѓе почнуваат да не се согласуваат со неговите постапки, како фралањето на капитенската лента на земјата по поништениот гол против Србија. Некои пак велат дека игра повеќе „за себе“ кога има и останати играчи кои можат да го добијат натпреварот.
НАЈСРЕЌЕН ОД ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020
Пред една година, Диого Жота имаше одиграно вкупно 26 минути за националиот тим. Септември 2020 беше огромен месец за неговата кариера: го започна првиот натпревар за Португалија, го постигна својот прв гол и направи трансфер во Ливерпул. Доколку успее да се опорави потполно од повредата ќе биде главен кандидат за настап рамо до рамо со Роналдо.
„Првпат го видов Диого Жота кога играше за Пакош де Фереира, тој одлично се вклопува во нашиот тим“, вели Сантос.
ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ (4-4-2):
Руи Патрисио, Жоао Кансело, Рубен Дијас, Пепе, Гереиро, Мутињо, Рубен Невес – Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Диого Жота, Роналдо
ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ:
Од 2016 година песната која асоцира на националиот тим е Pouco Importa, Pouco Importa, која е снимена од фановите. Откако долги години играа добар фудбал без да освојат титула, Фернандо Сантос создаде тим кој ќе оди докрај (и покрај тоа што стилот на игра претрпе критики).
Фановите направија песна која ја пеат до ден денеска „Малку значи, малку значи дали играме добро или лошо, сакаме да го однесеме трофејот во Португалија“.
ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ:
“Mete o Eder!” – „Дајте му ја на Едер“. Кога тимот не може да постигне гол, фановите се потсетуваат на напаѓачот кој го одлучи финалето во 2016, дури и кога не е во тимот.
“Só vou dia 11 para Portugal” – „Се враќам во Португалија само на 11-ти“, Фернадндо Сантош го изјави ова пред почетокот на Европското првенство во 2016 година и фановите го сакаат истото и на ова првенство.
“Passa, Ronaldo!” – „Додај ја Роналдо“, кога Кристијано Ронадло не ја подава топката до соиграчите, фановите се жалат. Кога ќе постигне гол, тие слават.
ПАНДЕМИСКИ ХЕРОЈ
Бруно Фернандеш. Во април 2020, двајца капитени на екипи од португалската трета лига оформија асоцијација за помош на аматерските фудбалери кои се мачат финансиски. Фернандеш веднаш се приклучи на тимот и донираше храна на оние кои им е најпотребна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА