Потресна видео порака „Го оставија татко ми да умре, немаа респиратор, тоа е Шпанија“

Спортскиот директор на Мото ГП тимот Хонда, Оскар Харо, во потресна видео порака раскажува за смртта на неговиот татко кој ја загуби битката со коронавирусот поради како што вели недволната грижа во болницата во Шпанија во кој бил сместен.

„Зошто умре мојот татко? Не мораше да умре. Го оставија да умре. Му беше потребен респиратор за да преживее, но не му дадоа затоа што нема доволно респиратори. Во солзи ме повика и ми побара дозвола да умре. Тоа е Шпанија која ја имаме. Човек од генерацијата која ја градеше оваа држава, кој работеше 14 часа дневно.. Таков човек оставивме да умре“ – порача Харо.

 

 

Се вчитува...