Одличниот играч за врска и главен плејмејкер на тимот на Белгија, Кевин Де Бруијне, претрпе незгодна повреда во финалето на Лигата на шампионите во дуелот меѓу Манчестер Сити и Челси, кое се одигра минатата сабота. Белгиецот имаше незгоден судир со Антонио Рудигер за време на мечот со Челси, од кој го извади подебелиот крај во форма на испукана коска на носот.
Фановите на Белгија со неверување гледаа како нивниот репрезентативец со помош на медицински лица го напушти овој натпревар, па беа вознемирени дали Де Бруијне ќе биде подготвен за Европското првенство. Селекторот на белгиската репрезентација ја отстрани дилемата.
“Она што можам со сигурност да го кажам е дека Кевин нема да биде подготвен за нашиот прв натпревар на ЕВРО. Ќе морам да му најдам достојна замена во тимот. Подоцна на турнирот, ако игра, ќе носи заштитна маска на неговото лице. Повеќе информации ќе знаеме следната недела дали ќе биде подготвен за другите натпревари. Сега е најважно да го оставиме да се одмори и да се подготви за турнирот во мир”, изјави Роберт Мартинез.
Првопласираната репрезентација на светот ќе го започне својот настап на Европското првенство на 12 јуни со натпревар против Русија во Санкт Петербург, по што ќе следуваат дуелите со Данска и Финска во групата Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА