Повеќе од 100 млади светски пингпонгари на ИТТФ Светската јуниорска серија во Скопје

Главниот град на Македонија во периодот од 8. до 12. октомври ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг.

По одржувањето на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни годинава, со рекорден број држави учесници (12), Пингпонгарската федерација на С. Македонија се подготвува за организацијата на првиот турнир под покровителство на ИИТФ, отвореното првенство за јуниори и кадети.

Повеќе од 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија…) се очекуваат да пристигнат во Скопје и да се борат за титулите на овој турнир како и за паричниот и непаричниот фонд на награди (4000 долари и четири телефонски апарати), обезбедени од организаторите и спонзорите на турнирот.

Доаѓањето на високи официјални лица од Светската и Европската пингпонг федерација во време на турнирот, претседателот Томас Вајкарт (ИТТФ) и Претседателот Роналд Крамер (ЕТТУ) како останати официјални лица и професионалци треба да обезбеди дополнителен мотив за развојот на пингпонгот во државата.

Од нашата земја ќе учествуваат вкупно 21 млади пингпонгари, а додека траат подготовките за овој турнир, нашите млади репрезентативци се присутни на неколку турнири од оваа светска серија кои се организираат во Словенија, Хрватска и Србија.

Се вчитува...