Повеќе од 150 учесници уживаа во убавините на Крушево

Изминатиов викенд се реализираше еднодневна посета на градот Крушево, како дел од програмата ,,Мапа  на културата’’, организирана од Еуролинк осигурување.

Прошетката започна од споменичкиот комплекс Македониум, кој е изграден на 1320 метри надморска височина, со извонреден поглед на градот. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи и витражи, а во објектот се наоѓа и гробот на Никола Карев претседател на Крушевската република.

Оттаму учесниците го посетија вечното почивалиште на момчето со ангелски глас Тоше Проески и ја продолжија својата прошетка  низ старото градско јадро, преку тесните и кривулести улички до Крушевската чаршија каде во самото срце на градот се наоѓа црквата Св. Никола изградена во средината на 19 век.  која импресионира со својата архитектура. Внатрешноста на црквата  изобилува со икони и  фрески, а особено уникатен е иконостасот кој е дело на познатите копаничари Петре Гарката и Димитар Станишев. На само неколку минути пешачење се наоѓа и црквата Св Јован која меѓу народот е позната и како Влашка црква еден од најзачуваните објекти во градот, изградена на почетокот на дваесетиот век.

Групата имаше прилика да ја посети галеријата на големиот македонски сликар и академик Никола Мартиновски еден од најистакнатите личности во македонската уметност и култура на 20-тиот век.

После неколку- часовната прошетка, учесниците се вратија дома со сладок умор, со многу заеднички фотографии и побогати за едно ново искуство. Еуролинк осигурување уште еднаш ги потврди своите заложби за негување на вистинските културни и историски вредности. Активноста е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност, ,,Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.

Се вчитува...