Првата тура на украински фанови пристигна денеска во Букурешт во пресрет на утрешниот меч против Македонија, а „сино-жолтите“ попладнево во центарот на романската престолнина ја имаа и првата средба со „македонската фаланга“.
Како што може да се забележи од видеото објавено од еден од македонските фанови во Букурешт, атмосферата е крајно пријателска, а навивачите од двете земји го користат моментот за заеднички селфи-фотографии, што ќе останат како спомен од учеството на нивните селекции на овој европски шампионат.
Секако, вистинското ривалство се очекува да се види утре на трибините од Националната Арена, кога фудбалерите ќе водат војна на теренот, а навивачите ќе сторат се за да им дадат ветер во грб на своите миленици.
Стигнаа и Украинците, атмосферата пријателска. #MKD #UKR pic.twitter.com/oAaJvejFOl
— Дарјан Раденковиќ (@darjanr) June 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА