Приказната е завршена: Мурињо бара 15 милиони евра за да си оди од Фенербахче

Жозе Мурињо во следните неколку дена ќе се раздели од Фенербахче, објавија турските медиуми. Менаџерот наводно веќе разговарал со претседателот Али Коч за евентуално раскинување на договорот. Средбата се одржала во Лондон, а Мурињо наводно не сакал да чуе за никаков раскин без да му биде исплатена отштетата од 15 милиони евра.

62-годишниот Португалец го презеде тимот минатото лето. под негово водство тимот не успеа да се избори за титулата во турската Супер-лига и заврши на второто место.

Мурињо беше во конфликт со судиите и со другите официјални лица во текот на на целата сезона и го навлече гневот на навивачите и новинарите со низа изјави што го поткопаа престижот на турскиот фудбал.

Се вчитува...