По скандалот меѓу Бензема и Валбуена, немаше поголеми конфликти во репрезентацијата на Франција. Од враќањето во тимот, напаѓачот на Реал Мадрид немаше никакви проблеми со соиграчите. Сепак, проблемот настана меѓу други двајца фудбалери на „петлите“.
Оливие Жиру замерил на Килијан Мбапе што не му ја додавал топката на мечот со Бугарија и наведува дека Килијан го игнорирал. Овие коментари на Жиру го иритираа напаѓачот на ПСЖ кој реши да одговори на него на прес-конференција.
„Не беше така како што тој кажа. Искрено, не ме допира неговото мислење. Јас сум напаѓач и имам мислење. Жиру си го кажа своето, но тоа не ме возбуди“, рече Мбапе.
Медиумите во Франција ја анализираа соработката помеѓу Мбапе и Жиру на мечот со Бугарија и утврдија дека Килијан навистина го игнорирал. Мбапе додадел само двапати на напаѓачот на Челси за 40 минути игра.
„Во соблекувалната му честитав на Жиру за постигнувањето на двата гола. Тој не ми рече ништо, а потоа слушнав што рече на прес-конференцијата. Не рече ништо лошо, но ми пречи што тоа го кажа јавно. Би сакал да зборуваше повеќе на таа тема во соблекувалната. Сепак, се познаваме некое време“, изјави напаѓачот на ПСЖ.
Младиот Французин го обвинува Оливие за јавно презентирање на проблемите во селекцијата.
„Знаете каков сум во соблекувалната. Ако има што да кажете некому, направете го тоа. Нема проблем ако остане во тие четири sида. Не станува збор за проблем, тоа се ситници“, рече Мбапе.
Journalist: “You exchange passes more with Benzema & Neymar than Giroud?”
Mbappé: “You’re saying I don’t wanna pass to Giroud? Ney touches 150 balls a game and Karim like 80. Giroud stays more in the zone to receive balls. Players of different profiles. Unnecessary controversy.” pic.twitter.com/a0ymGzKuUm
— KMbappeTeam. (@KMbappeTeam) June 13, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА