„Пациентката е сместена во Инфективната клиника во Скопје. Таа еден месец била во Италија, веќе две недели била болна и била третирана во Италија, но без тест за коронавирус, и кога влегла во Македонија, инкубацискиот период веќе ѝ бил поминат и не претставува опасност од пренесување на заразата. Имајќи предвид дека случај на заболен од коронавирус денеска се појави и во Грција, преземени се исти мерки и во Косово и Македонија и Грција. Ќе бидат преземени и други мерки, за што ќе ве известиме во 20 часот вечерва. Апелираме до сите компании и институции чии вработени изминатиов период биле во Италија да не ги примат на работа. Тие треба да останат дома и таму да седат 14 дена“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Претстојниот викенд, во Првата фудбалска лига се закажани пет натпревари од 21.коло, а во Скопје ќе играат Вардар и Работнички. Во кошаркарскиот шампионат в недела на програмата ќе биде градското дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, а во ракометната Лига на шампиони, в сабота Вардар ќе го пречека Монпелје.
Спортскиот настан на кој се очекува најголемо присуство на публика во претстојниот март ќе се случи на 26.март, кога фудбалската репрезентација на Македонија на арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на селекцијата на Косово во полуфиналниот плејоф – меч од Лигата на нации за пласман на ЕВРО 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА