Првите зборови на Ериксен откако се разбудил: Имам само 29 години…

Кристијан Ериксен се уште се наоѓа во болница во Копенхаген каде успешно се рехабилитира од срцевиот удар што го имаше за време на натпреварот против Финска.

Германскиот доктор Јенс Клајнефелд беше еден од оние кои му укажаа прва помош на Ериксен додека безживотно лежеше на теренот на „Паркен“ стадионот, тој помогна во реанимацијата со електрошокови, а сега кога најлошо мина Клајнефел проговори за тие напнати минути во фудбалската арена во Копенхаген.

„Моравме да го реанимираме, а триесетина секунди подоцна тој ги отвори очите и можев директно да разговарам со него. Да бидам искрен, бев многу трогнат бидејќи во секојдневниот живот шансите да спасите нечиј живот при една ваква ситуација се многу помали. Собрав сили и му реков: Добро е, се врати кај нас… а тој веднаш ми одговори: Да се вратив, па јас имам само 29 години“, открива Клајнефелд во разговор за „Фокс Спортс“.

Се вчитува...