ПСЖ во полуфиналето на Светското клупско првенство, во сенка на хорор-повредата на Мусиала (ВИДЕО)

ПСЖ е првиот полуфиналист на Светското клупско првенство, откако го совлада тимот на Баерн Минхен со 2-0 со голови во финишот од средбата. Дуелот беше интересен, со многу шанси на двете страни, но ќе остане во сенка на тешката повреда на Џамал Мусиала на крајот од првиот дел, кога врз него стартуваше Џанлуиџи Донарума, по што играчот на „Баварците“ мораше да го напушти теренот.

Во вториот дел како да падна темпото, па тоа го искористи најпрво Дуе кој во 79. минута го однесе ПСЖ во предност. Парижаните добија два црвени картони Пачо и Хернандез, но и тоа не беше пречка да дојдат до втор гол.

Усман Дембеле најпрво ја погоди пречката, а потоа стрелаше во судиското надополнување за конечни 2-0.

ПСЖ ќе игра во полуфиналето со подобриот од дуелот Борусија Дортмунд – Реал Мадрид. Првото полуфинале е меѓу Челси и Флуминензе.

Сите интересни моменти од мечот на следниот ЛИНК. 

Се вчитува...