Наполи се наоѓа во сериозна криза, атмосферата во самиот тим е крајно ензична, а најдебелиот крај се чини ќе го извлече Кевин де Бруине, кој според последните информации ќе добие раскин на договорот со поранешниот првак на Италија.
Белгиецот требаше да биде топ-засилување по трансферот од Манчестер Сити, дел од ланската сезона отсуствуваше поради повреда, а во остатокот беше во конфликт со тренерот Конте. Ситуацијата не се промени ниту по тренерската смена, одличниот плејмејкер не е во најдобри односи ниту со новиот тренер Алегри, од кого беше критикуван за променливата форма во изминатите месеци.
Згора на тоа, Де Бруине имал и физичка пресметка со напаѓачот Лоренцо Лука по поразот од Порто, а влегол во конфликт и со капитенот Ди Лоренцо, како и со најдобриот стрелец на тимот, Данецот Расмус Хојлунд.
Белгискиот репрезентативец како да прави се со цел што поскоро да си замине од Неапол, а управата е подготвена да му ја исполни желбата. Договорот што е со важност до крајот на сезонава ќе биде раскинат веќе во јануари, кога „наполитанците“ ќе се активираат на пазарот за да доведат соодветна замена.
Едно е сигурно, трансферот на Де Бруине меѓу „сино-белите“ се покажа како тотално промашување и за клубот и за самиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
