Работник падна од зградата на ФФМ и почина на лице место

Работник од Скопје кој работел на зградата на Фудбалската Федерација на Македонија попладнево го загубил животот, извршувајќи градежни работи.

МВР потврди дека лицето В.П. од Скопје (56 год.), вработено во фирмата која извршувала градежни работи на зградата, околу 16 часот паднало и починало на лице место.

На местото на несреќата се врши увид, по што ќе бидат познати и повеќе детали.

Се вчитува...