Досегашниот менаџер на Њукасл, Рафа Бенитез, кариерата ќе ја продолжи во Кина. Тој го презеде кормилото на Далиен ифан и потпиша двегодишен договор според кој ќе заработува 12 милиони фунти по сезона. Тоа е двојно поголема плата од онаа што ја заработуваше како менаџер на англискиот премиерлигаш.
„Стартувам со нов предизвик, среќен сум што ќе бидам на клупата на Далиен ифан“, изјави Рафаел Бенитез.
Во тимот на Далиен настапува словачкиот интернационалец Марек Хамшик со кој Бенитез соработуваше во периодот од 2013 до 2015 година во италијанскиот калчолигаш Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА